ЕХФ Куп: Бутел против ЗТР, Пелистер против Винтертур

Екипата на Бутел Скопје во второто коло од ЕХФ Куп за противник и формално го доби украинскиот тим ЗТР Запорожје. Украинците во два дуела од првото коло го совладаа тимот на Лондон. Задачата им беше лесна, победија со 39-20 и 39-14. 

ЗТР Запорожје е вториот по сила тим од Украина, по градскиот ривал Мотор. Во нивниот состав нема ниту еден стартер во репрезентацијата на Украина, но има неколку играчи што се втора постава во националниот тим. Тоа се средниот бек Александар Тилте, десното крило Андриј Акименко, пикерите Димитри Илченко и Иван Бурзак и голманот Александар Деревјанкин. Во тимот го имаат и Алексеј Ганчев, десен бек кого Сергеј Бебешко со задоволство би го поканил во репрезентацијата, но тој решил да игра само за клуб и замолил да не го повикуваат во националниот состав. 

Противникот го доби и Пелистер, иако не е уште формализирано. Фади Винтертур од Швајцарија ќе биде екипата со која битолчани ќе си имаат работа. Тие во првото коло играат со Беса од Косово. Двата меча се играат на Косово, а засилените домаќини (Прце, Кукрика) на првиот меч загубија со девет гола разлика (24-33). Вториот меч се игра денеска, но колкави се шансите да победат со 10 разлика? 

Битолчани ја чекаат разврската во спојувањето со Работник и нивниот прв меч од првенството е одложен за во вторник. Ќе играат против Бутел Скопје, екипа што рековме, веќе го доби противникот за второто коло. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk