Магдебург победи, Кил збесна по судиите

Големото Бундес дерби меѓу Магдебург и Кил заврши со победа на екипата на Филип Кузмановски 32-31. Одличен натпревар се одигра во Гетек Арена. Свои шанси имаа и едните и другите, пресуди еден краток период од 2 минути во кои Магдебург направи серија од 5-0.
Филип Јиха задоцни со тајм аутот, а потоа Кил не успеа да се врати во игра. За волја на вистината и од наш агол гледно со судењето што го имаше Магдебург на овој меч Кил немаше ни шанса да се врати во игра за победа. По последниот напад на Магдебург, збеснаа и играчите и Филип Јиха и ги „бркаа“ судиите до соблекувалната, но тоа во Германија изгледа многу покултурно. 
Филип Кузмановски не влезе во игра на овој натпревар. 
Магдебург сега е лидер и заедно со Хановер се единствените со максимален ефект. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk