ДЕН ЗА ДЕРБИ: Вардар се докажува во Украина

Денеска се игра два меча од СЕХА Гаспром, а и двата се со етикета дерби. ППД Загреб гостува во Веспрем од 19:00 часот на интересна пресметка на која Веспрем е голем фаворит. 

Од 16:15 во Запорожје, пак, се игра дуелот Мотор - Вардар, средба интересна од неколку аспекти и за гледање и за анализирање. 
Се уште се обидуваме да процениме каде ќе биде во хиерархијата Вардар оваа сезона. Досега одигра само со еден вистински противник, Кил и беше надигра. Другите противницни вклучувајќи ги и тие низ подготовките не се ни блиску до рамниште на европски шампион. 

Мотор Запорожје можеби ќе ни даде некој одговор на оваа тема. Вардар не е комплетен, без Скубе, Гедбан, Стоилов и Толедо е екипата. Но, ЛШ почнува следната недела и тешко дека ќе биде комплетен и тогаш. 

За анализа е интересен и Мотор Запорожје. Генадиј Комок, Станислав Жуков, Владислав Донцов, Владислав Паравинчак, Захар Денисов, Димитро Дорошчук, Павел Гурковски, Димитро Тјутник... тоа се репрезентативци на Украина.
Ако ги додадеме Остроушко, Онифриенко, Козакевич и Тилте ја добиваме репрезентацијата на Украина со која ќе играме на шампионатот во Виена. Не е лошо да се следи формата на противниците, посебно затоа што е еден од тие против кои сите веќе запишаа бодови... а нема да биде така лесно. 

Но, денеска се игра на клупски план, а очекуваме Вардар да покаже класа и да ги совлада Украинците без поголеми резултатски немири во текот на средбата. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk