Вујин се сели во Португалија

Не мина ниту една недела откако Кил официјално пред полна сала му се заблагодари за досегашната соработка, а Србинот Марко Вујин го објави името на својот нов клуб. 

Од поодамна позната шпекулација што чекаше погоден момент за потврда - Марко Вујин е нов член на Спортинг од Португалија, противник на Работник во групната фаза од Лигата на шампионите. 
Неофицијално, Вујин во Португалија нема да заработува на нивото од Германија, но Лисабон се чини како одлична дестинација живеење пред да ја заокружи кариерата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk