Први бодови за Металург

МЕТАЛУРГ 2 - МЕТАЛУРГ  30-37   (12-20)
Стрелци за Металург 2: Кофилоски 10, Николовски 6, Стојановиќ 4, Савковиќ 3, Митиќ 4, Василевски 1, Ристовски 1, Мелоски 1, 
Стрелци за Металург: Кондев 7, Јагуриноски 7, Поповиќ 8, Шилегов 4, Серафимов 5, Чантурија 1, С: Додиќ 5

Двете екипи на Металург денеска во рамките на првото коло од Супер лигата го одиграа премиерниот меч од новата сезона во Супер лигата.
Металург во улога на повратник во регуларниот дел од шампионатот немаше многу проблеми со својот помлад „брат“, иако настапи без неколку играчи што годинава треба да бидат засилувања (Иракли, Мариќ), потоа Танкоски, Ѓоргески..

Се беше решено во првиот дел во кој Металург поведе со 20-12. Помладиот состав, го исфрли на површина Дарио Кофилоски кој беше најефикасниот играч на натпреварот со десет постигнати гола. 

Конечниот резултат е 37-30, а покрај споменатиот Кофилоски од редовите на домашниот тим ќе ги издвоиме и Бојан Николовски со 6 и помошта од првиот тим Лука Стојановиќ со четири гола. 

Во редовите на постариот Металург, крилата Поповиќ (8) и Кондев (7) беа најефикасни. 

Утре се играат уште три средби од првото коло. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk