Пролет се засили од шампионскиот Вардар

Репрезентативецот Мартин Поповски официјално стана ракометар на скопскиот суперлигаш Пролет. Денеска од таборот на зелено-белите стигна потврда дека се договориле со довчерашниот ракометар на Вардар.

„Мартин тренираше со тимот, му излеговме во пресрет по заминувањето од Вардар, а потоа и лесно се договоривме за соработка. Договорот е тој да остане во Тинекс Пролет до крајот на сезонава, освен доколку во меѓувреме не добие примамлива понуда од странство“ - изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.


Мартин Поповски во Вардар играше  зад Шишкарев и Чупиќ. Добиваше минутажа, но не и поважни улоги. Во репрезентацијата поради дефанзивните карактеристики успеа во времето на Лино Червар да влезе на местото на Никола Костески. Неговите партии во репрезентацијата беа сосема солидни, Пролет секако добива квалитетно засилување на десната крилна позиција. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk