Валкан трик на данскиот тренер

ЕХФ и ИХФ на последните големи натпреварувања ја промовираа сирената за тајм аут и ги испратија зелените картони во историја. 
Данска меѓу првите ја постави сирената и на натпреварите од домашниот шампионат.  И прва ја злоупотреби. 

На меч од данскиот шампионат во женска конкуренција се сретнаа Копенхаген и Никобинг. Во финишот на натпреварот, Никобинг водеше 27-26 и имаше напад. 
Тогаш Клаус Могенсен, тренерот на Копенхаген му нареди на физиотерапевтот да ја активира сирената и да побара тајм аут, иако не смее да го направи тоа затоа што топката е во посед на противникот. 

Физиотерапевтот послуша, ја активираше сирената, мечот беше прекинат и потоа следеше казна. Предвидено е пенал за оштетената екипа и син картон за тој што побарал тајм аут. 

„Тоа беше единствениот начин да им ја земеме топката. Можеа слободно да ја држат до крајот на мечот“, изјави подоцна Клаус Могенсен. Исто така изјави дека сигурно и некој друг ќе го искористи овој метод. 


Никобинг го реализираше седмерецот и победи со 28-26, а Могенсен заработи два меча суспензија. Паричната казна е околу 900 евра за ваквиот потег. 

Данците веднаш побараа промена на казните. Во ваков случај, доколку Никобинг го промашеше пеналот, Копенхаген ќе имаше напад за реми. 
Веројтно со пенал, син картон и ввраќање на топката во посеб на оштетениот клуб би се решиле понатамошните обиди на тренерите да излезат попаметни од системот. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk