Горчливи порази за Костески, Крстевски и Митков

Екипите на Линц и Брегенц, двата австриски тима во кои има македонски интернационалци претрпеа порази во првото коло од австрискиот шампионат.

Влатко Митков постигна седум гола за Брегенц во поразот 26-27 од екипата на Тирол. Митков беше втор стрелец во својот тим. Осум гола постигна Јосип Јуриќ-Гргиќ. 

Никола Костески постигна 4 гола, а Горан Крстевски беше стрелец на еден гол во поразот на Линц од 22-24 на гости кај Вест Виена. 
Посебно е болен овој пораз за македонските интернационалци затоа што на 25 секнди до крајот, резултатот беше 22-22, а нивниот Линц имаше посед на топка. 
И место победа, направија техничка грешка, примија гол за 22-23, а потоа место реми уште еден лош напад  и одново контра-гол за 22-24. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk