Вардар без Гедбан и Скубе во Украина

Екипата на Вардар се соочува со играчки проблеми пред своето прво гостувње во СЕХА Гаспром, кај Мотор во Запорожје.
Натпреварот е закажан за утре со почеток од 16:15 часот, а Вардар за оваа средба нема да може да смета на двајца ракометари што играа во првото коло во Скопје против Пекинг. 

Сташ Скубе заработил повреда на тренинг и клубот не сака да ризикува пред стартот на Лигата на шампионите, па затоа Словенецот го пропушта патувањето во Украина. 
Голманот Калифа Гедбан исто така остана во Скопје. Процедуарата за добивање на украинска виза за Алжирецот е подолга и покомплицирана, а распоредот на СЕХА беше објавен релативно доцна и Гедбан нема се уште виза. Од клубот изразија надеж/загриженост дека се ќе биде решено за средба од Лигата на шампионите што Вардар исто така треба да ја игра во Запорожје на 29 септември. 

Столе Стоилов и Жозе Толедо и натаму се на списокот на повредени играчи.

Добрата вест е што се средени административните процедури и Глеб Калараш повторно за Вардар ќе настапи против Мотор. Тој летово премина од Вардар во Мотор, но откако во Вардар се среди состојбата, реши да се врати во Скопје и одби да игра за Украинците. Следеше период во кој Калараш беше игнориран од Мотор, се додека клубовите не се договорија за нов трансфер. 

Дејан Кукуловски, Марко Кизиќ и Мартин Карапалески заминаа со Вардар за Украина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk