Meталург на гости кај Металург на премиерата

Денеска во скопска „Автокоманда“ премиерно ќе се одригра натпреварот од првото коло на новиот шампионат во машка конкуренција.
Металург гостува кај Металург 2 на премиерата на сезоната, натпревар на кој ќе дебитираат и новите тренери. Дамир Стојановиќ на клупата на првиот и Игор Котевски на клупата на вториот тим на Металург.

Утрешните средби во кои Струга доаѓа на гости кај Работнички, Охрид кај Пролет, а Вардар Јуниор кај Радовиш треба да понудат многу поголема резултатска неизвесност.

Колото се затвора во вторник со гостувањето на Бутел Скопје во Битола. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk