WISTING (TV Series)

WISTING 
TВ серија 10 епизоди
Земја: Норвешка
ИМДБ: 7.5

Вистинг е норвешка ТВ серија во која првата сезона има 10 епизоди. Вилијам Вистинг е детектив за убиства, живее во Ларвик и има комплициран живот. На сето тоа единствено му недостасува потрага по опасен убиец кој од САД избегал во Норвешка и продолжил да киднапира и убива. 
Пронајдено е мумифицирано тело на американски професор. Се испоставува дека е жртва на серискиот убиец по кој трага ФБИ. Дури откако ќе стигнат детективите на американската служба, Норвежаните ќе дознаат со каков опасен противник си имаат работа. 

Приказната е одлична, серијата изобилува со пресврти и го има комплетниот скандинавски трилер-крими шмек што ги прави нивните книги мега популарни низ целиот свет. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk