Суспендирани судиите со кои ЧСМ загуби од Залау

photo credit: Ziarul de Salaj

Залау направи сензација во романскиот шампионат откако во првото коло го совлада скапиот тим на ЧСМ Букурешт. Но, тој натпревар предзвика вистинска бура во Романија што се шири на сите страни. Излегоа на виделина пресметки меѓу тренерите, незадоволство од странските стручњаци, високите плати на играчите итн. 

Романските медиуми се преполни со изјави што се директни обвинувања на една или друга адреса, а последно е дека Паул Јакуб и Силвиу Саву, судиите што го водеа натпреварот Залау - ЧСМ (25-24) се суспендирани на една година. 

ЧСМ се жалел на арбитражата, а во своја одбрана изјавија дека на овој натпревар имале 18 минути исклучување наспроти две на противникот. Потенцираа и дека над џиновската Крина Пинта не е досуден ниту еден пенал, не затоа што таа играла слабо, туку затоа што судиите едноставно не сакнционирале. И како круна, наведуваат дека во последните моменти, поради задржување на време било досудено само второто исклучување за Залау, но не и седмерец што според правилата е задолжителен во последните 30 секунди. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk