СЕХА: Вардар се загреа за Мотор

ВАРДАР - ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ 37-23 (19-12)

Вардар: Гедбан (12 одб + 1 сед), Кизиќ (2 одб +1 сед), Кукуловски 1, Димитриоски 6, Гашовски 1, Криштопанс, Карапалески 1, Пелко 2, Дизингер 5, Атман 6, Чупиќ 5, Горбок 1, Шишкарев 6, Горпишин 3

Вардар имаше рутинско отворање на сезоната во СЕХА Гаспром со лесна победа над дебитантот Пекинг Универзитет. 
Кинезите во Скопје допатуваа со далеку поголеми импресии отколку амбиции и без противење ја прифатија улогата на аутсајдери што се дојдени да учат ракомет. 

Сосема солидно беше исполнета салата со оглед на противникот, а Вардар со изменет состав (Дибиров беше на трибини) поведе со 5-2, 9-4 и потоа држеше дистанца од противнкот што на полувреме изнесуваше седум гола (19-12). 

По пет минути игра во вториот дел, разликата се искачи на плус десет (22-12), а дури потоа Кинезите го постигнаа првиот гол во второто полувреме. 

До крајот на натпреварот сите ракометари на Вардар добија шанса да влезат во игра.

Следниот противник на Вардар е украинскиот шампион Мотор. Средбата ќе се игра во Запорожје на 7 септември. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk