Романија го смени селекторот, но тој се уште не знае

Романија ќе добие нов селектор, тврдат романските медиуми. Шпанецот Мануел Фернандез Монтоја е веќе минато. Наводно форум-состанок предводен од Александре Деду веќе донел одлука за смена на селекторот. Единтвено, романската федерација не објавила никакви детали од тој состанок и ниту потврдува ниту демантира дека Монтоја е веќе сменет. 

Мануел Монтоја имаше катастрофални квалификации за ЕП 2020 и групата ја заврши на последното место. Зад Франција, Португалија и Литванија. Тоа беше премногу за Романците, па решија да ја завршат шпанската авантура со селектори во која беше вмешан и Хавиер Пасквал. Тој, пак, си поднесе оставка по елиминацијата од Македонија во баражот за СП Германија. Но, остави влијание, односно наследник во Букурешт. 

Новиот селектор на Романија би требало да биде тренерот на Ст. Рафаел од Франција, Рареш Фортунеану. Работата е, што ни тој уште не знае дека е новиот селектор. 

„Немам добиено никаква официјална понуда, нити пак некој ми се јавил за разговор на таа тема. Така што сето тоа е во форма на шпекулација“, изјави Фортунеану и продолжил да го критикува состемот во Романија, нарекувајќи го секој избор нерегуларен, затоа што не е запазена правна процедура. 
Со тоа можеби и го избриша своето име од списокот на кандидати, но тоа ќе го покаже времето. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk