Вардар ја отвора сезоната, првото СЕХА дерби е во Брест

По вчерашниот вовед во новата сезона во СЕХА Гаспром денеска ќе се играат натпревари на кои ќе го видиме и бранителот на титулата Вардар кој во Скопје треба да има загревачка увертира со кинескиот Пекинг Универзитет (20:45).

„Доста ни беше од подготвителни натпревари и тренинзи. Едвај чекаме да почне сезоната“, изјави Данил Шикарев на воведната прес конференција пред оваа средба. 

Дербито во СЕХА Гаспром се игра во Брест. Таму уште во првото коло доаѓа повратникот во лигата Веспрем. Белорусите подготвуваат атрактивен старт со многу музика, светлосни ефекти и слично, но сето тоа е откажано и првиот меч ќе го почнат со минута молчење во чест на Ада Мешкова, сопругата на Анатолиј Мешков, основачот на клубот Мешков Брест. 
Арена Спорт ќе го пренесува овој натпревар.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk