Кошта растура и во сениорска конкуренција

Една од ѕвездите на кадетскиот мундијал во Македонија, Португалецот Мартим Кошта го покажа својот талент и во сениорска конкуренција. 
Вчера почна шампионатот на Португалија, а за МВП на првото коло е избран Мартим Кошта. Тој на екипата на Виториа и даде 11 гола од 12 обиди, а неговата Гаја лесно ја доби средбата со 38-23 и поп првото коло е на врвот на табелата. 

Иако уште од првото коло во Скопје се виде дека Мартим Кошта е вонсериски потенцијал и игра во неатрактивна екипа, никој од македонските екипи не загрзиа за ангажман. Место кон Португалија, нашите клубови гледаа кон Нигерија и единствениот трансфер од СП го направи Фарук Јусуф, бекот на Нигерија кој потпиша за Бутел. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk