Барса го одбрани тронот на Супер Глоуб

БАРСА - КИЛ  34-32 (15-17)

Барса е победник на госинешното издание на Супер Глоуб, Свтското првенство за клубови што се одржа во Дамам, С. Арабија. 
Во финалето, Барса го совлада Кил со 34-32 и покрај златниот медал и престижниот пехар, дома носат и чек од 400.000 долари. Кил ќе заработи $ 250.000. 

Хавиер Пасквал летово изјави дека кам бекот на Вардар од полуфиналето на ЛШ не сака никогаш да го доживее на своја кожа. Но, токму таква судбина го чекаше во финалето на Супер Глоуб. Откако Кил го доби првиот дел, Барса беше фантастична во второто полувреме и водеше четири гола разлика на нецели пет минути до крајот. 

Потоа две топки фрлени во аут, една одбрана на Ландин и Кил беше на 32-33 и точно една минута до крајот. Спасот на Барса беа хрватските судии Борис Милошевиќ и Матија Губица. Не само што и оставија на Барса да напаѓа до крајот на мечот, туку во една ситуација на десет секунди до крајот кога можеа според наша проценка слободно да досудат пробивање, досудеа фаул за Барса. 
И така Барса напаѓаше се до крајот, а голот на 34-32 е дело на Палмарсон на две секунди пред крајот на мечот. 

Победата на каталонците е заслужена, иако и Кил одигра добар меч. Споредено со тоа што го видовме од Вардар, ЛШ ќе биде и тоа како голем предизвик за нашиот клуб. Па дури и со Стоилов, Толедо и Калараш во тимот. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk