ЕХФ ГО ОДВРЗА ЌЕСЕТО: Mилион евра за шампион на ЛШ!

Договорот што го потпиша ЕХФ за продажба на ТВ правата за следните 10 години значително ќе ја измени Лигата на шампионите во ракомет. 
И во поглед на буџетот и во структурата. Нема да се дели на 28 дела колачот, ќе се дели на 16. Тие клубови ќе бидат значително привилегирани во однос на другите. Сите ќе добијат по гарантирани 210.000 евра за учество. Тоа се седумте гостувања, за секое поединечно по 30.000 евра. 

Шампионот ќе добие 1.000.000 евра награда. Во оваа награда нема да се смета сумата што ја добива како награда за пласман на Фајнал Фор. 

Распределбата на парите ќе биде следнава:
30.000 евра за секој клуб по натпревар на гостински терен во групната фаза, плеј оф и 1/4 финалето.
5.000 евра за секој бод освоен во групната фаза.
7.500 евра за секој бод освоен во плеј оф
10.000 евра бод освоен во 1/4 финалето
30.000 евра за екипите што бидат прво и второ место во групите
50.000 евра за пласман на Ф4
800.000 евра ќе делат екипите што ќе играат Ф4. На шампионот ќе му биде минусирана од сумата од 1.000.000, а другиот дел ќе го делат 38,3 % за финалистот, 33.3 за третопласираниот и 28.3 % за четвртопласираниот тим. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk