Наскоро... се враќа

Game of Thrones  заврши. Но, од петте спин оф проекти еден веќе е во фаза на пилот. Наскоро армијата на фанови на ГОТ ќе има нова занимација. Во моментов, многу малку детали се знаат околу сериите што треба да ја заменат Game of Thrones. Се се врти околу изјавите на George R. R. Martin, но и тие трошки се доволни за да се склопи приказна.

Работниот наслов на пилот проектот што прв ќе го види светлото на денот е Bloodmoon. 

Дејствието е сместено илјадници години пред случувањата во Game of Thrones во златната ера на „хероите“, период што се споменува во серијалот. Не постојат Таргариен, Ланистер, не постои King's Landing, го нема Железниот Трон. Valyria само што почнува да се развива... Но, постои Старк. 
Џорџ Мартин потврдил дека во серијата ќе има Старk, веројатно Brandon The Builder, основачот на Вестерос. 

Нема да видиме ниту едно познато лице од претходната серија. Освен едно. Мартинисто така потврди дека во серијата има White Walkers, а првиот меѓу нив е Night King. Мошне веројатно многу повеќе ќе се врти околу него и воопшто како настанале дејствието. 

Кастингот е во тек, а со сигурност се знае само едно име - Naomi Watts (photo). Дали Bloodmoon ќе стане серија е рано да да се каже. Многу пилот проекти имаат поинаква судбина, па дури и пилот за Game of Thrones бил ужасен и морало да се преработува. 



Но, имајќи предвид каков успех имаше серијата, се очекува најмалку три серии со спин оф назнака да видиме наскоро. 
Датумот? Тоа е нешто што во моментов не може да се предвиди. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk