ЕХФ го смести Металург во Топ 10 тимови на ЕХФ Куп

Европската ракометна федерација (ЕХФ) состави Топ десет, список на клубови што би можеле да одиграат важна улога или како што тие велат да имаат големо влијание во ЕХФ Куп следната сезона. 

Интересно на десетото место е македонскиот Металург. Не заборавил ЕХФ на осумте сезони во Лигата на шампионите и верува дека од „Автокоманда“ може да дојде некое изненадување. 
Убаво што ЕХФ овој пат верува на македонски клуб, ред е на Металург да го оправда тоа. Нема да му биде лесно, дури и ако доведе уште најмалку две квалитетни засилувања. 

Еве ја комплетната ранг листа

10. Металург (Македонија)
9. Татабања (Унгарија)
8. Шамбери (Франција)
7. Холстебро (Данска)
6. Малзунген (Германија)
5. Сјкерн (Данска)
4. Магдебург (Германија)
3, Берлин (Германија)
2. Нант (Франција)
1. Рајн Некар Ловен (Германија)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk