Од лошо, полошо: Крај на сезоната за Морк

Нора Морк, некогаш можеби најдобриот десен бек и воопшто најпосакуван играч, доби нова порција на лоши вести. 
Норвежанката по 14 месеци пауза одигра едно полувреме на официјален меч и повторно се повреди. Романските доктори дијагностицираа скинати лигаменти на коленото. Таа замина на нови прегледи во Норвешка каде што беше потврдена дијагнозата и згора на тоа додадоа дека новата пауза ќе биде меѓу девет и дванаесет месеци!. 
Ова ќе биде девета операција на колено на Нора Морк. Има пет на едното, сега ја чека четврта операција на другото колено. 

Поради овие бројки веќе никој не ја зема сериозно нејзината изјава дека ќе се врати на теренот следната година!

Сезоната за Нора Морк е дефинитивно завршена, но тоа не е се. Сега се појавија и информации од Унгарија што велат дека Морк одбила дополнителни прегледи за коленото додека била под договор со Ѓер. Тоа било и причината поради која Ѓер не сакал да и понуди нов договор. 
Унгарките од ЧСМ Букурешт исто така купија повредена Норвежанка - Аманда Куртовиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk