ИХФ ќе ја намали ракометната топка

На повидок е ситна, но револуционерна измена во ракометот планирана од Светската ракометна федерација (ИХФ). Веќе долго време „Молтен“, јапонскиот произведувач на спортска опрема, меѓу која се и ракометните топки што ги користи ИХФ, работи на топка за која нема да треба да се користи лепак. Молтен е во трка со Селект, производител на топки што го користи ЕХФ. 

Новиот производ на ИХФ годнава е тестиран во Франција и резултатите се охрабрувачки. Ако се оди како што треба, на Светското Јуниорско првенство во женска конкуренција во 2020 година прв пат на официјален мундијал ќе бидат користени новите топки со име „Ball Ball“. 

Но, исфрлањето на лепакот нема да биде единствената промена на топките што (ќе) ги користи ИХФ. Втората промена е можеби и побитна од првата. Таа е намалување на обемот на топката. 

Топките што се користат во машка конкуренција би требало да бидат помали за околу 2.5 сантиметри во обем. Топките што се користат во женска конкуренција за 1 до 1.5 сантиметар. За околу 0.5 сантимери во обем ќе се намалат и топките за помладите категории. 

Првите тестови се позитивни. Топките лесно се контролираат и (по)лесно се игра. Единствените што би требало да видат мака се овие топки се голманите, затоа што шутевите ќе бидат значително побрзи. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk