Нора Морк повторно се повреди, мора на операција

Ремонтираниот состав на ЧСМ Букурешт ја доби првата битка со Влчеа во домашниот шампионат. ЧСМ Букурешт со 29-23 ја совлада Влечеа во Супер Куп натпреварот, но плати висока цена за таа победа. 

Нора Морк, нивното најзвучно засилување се повреди по 30 минути игра. Иако во прв момент изгледаше дека повредата на коленото не е сериозна, по извршените снимки стигнаа вознемирувачките вести. Скинати се лигаментите на коленото и таа ќе мора на операција.
Минималната пауза е шест месеци, па за Морк оваа полусезона е завршена. Најстрашното од се што за неа ова беше првиот официјален натпревар по пауза од една година и два месеца. 

Сомнежи дека коленото на Морк нема да издржи имаше уште за време на нивните подготовки во Данска, но се изгледаше многу подобро до кобниот удар на почетокот на второто полувреме од Супер Купот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk