Проблеми за Металург пред мечот со Нексе

Се чини дека последните два дена од турнирот во Кањижа ќе бидат од „рекреативен“ карактер за екипата на Металург. 
Вечерва македонските ракометари се среќаваат со Нексе, утре треба да играат со Партизан. 

Тренерот Дамир Стојановиќ сакал-не сакал ќе мора да ги тестира сите играчи. Посебно голманот Мијатовиќ кој денеска, можеби и утре ќе биде единствениот чувар на мрежата на Металург. 

Даниел Дупјачанец заработил истехнување на лигамент и една недела ќе паузира, а Даниел Ѓоргески пак закачил стомачен вирус и нема да биде во составот. 

Ѓореески не е единствениот со проблеми со вирус, кадетскиот репрезентативец Дарко Кондев дели иста судбина. 

И на сето ова и Марио Танкоски не е во тимот и ќе паузира една недела. 

Со ваков состав, Металург не може многу да очекува, но Дамир Стојановиќ ќе има можност да провери каква поддршка може да очекува од клупата во текот на сезоната. Од друга страна најмногу голманот Мијатовиќ ќе може да профитира од настанатата ситуација, 

Металург - Нексе - ЛИНК 19:00час
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk