E. Работник против Шарт за историја

Македонскиот вице-првак Е. Работник денеска ќе има шанса да се запише во 51 годишната историја на турнирот во Добој. 
Работник на мечот за пласман во финале го совлада кинескиот Пекинг со дваесет и три гола разлика, а победа од 12 гола го носеше во финалето. 

Во битката за пехарот ќе се сретнат со францускиот Шарт, двоен освојувач на струшкиот турнир. Шарт годинава е член на најсилната француска лига и има сосема солиден состав, кадарен да се носи со звучни имиња. 

Сите што поажурно следат ракомет ќе ги препознаат голманот Небојша Граховац, бекот Сергеј Онифриенко, потоа Сергеј Кудинов или некој од годинешните засилувања како Дан Емил Ракотеа, Васја Фурлан или можеби шпанскиот тренер Тони Херона, актуелен селектор на Тунис.

Вистински предизвик за избраниците на Стевче Алушовски ќе биде овој противник, а и влогот е привлечен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk