Охрид не успеа во финалето

Орошази - Охрид 28-20 (15-9)

Екипата на Охрид не успеа патувањето во Тузла да го круниса со победничкиот пехар од роденденскиот турнир на Слобода. 
Охрид вечерва беше поразен од унгарскиот тим Орошази (20-28). 

Охрид нема по што да жали затоа што Унгарците денеска беа подобриот тим и постојано беа во убедливо водство. 
Работите за Охрид тргнаа наопаку од стартот. Поведе со 8-3 Орошази, потоа беше 11-4 и назад по вака лош стар ретко кому успева. 
Сепак, во продолжение Охрид воспостави баланс,го поправи впечатокот, но не и резулататот. На полувреме беше 15-9, во вториот дел Орошази во еден момент водеше 19-10, потоа Охрид се доближи до 24-18, но немаше сили за поголем резултатски успех. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk