ЕХФ ќе молчи за СП Египет до крајот на ЕП 2020

Нашите обиди да го откриеме моделот по кој ќе се играат квалификациите за СП Египет 2021, во Европската зона остануваат без официјална потврда. 
Успеавме малку да ги подразбудиме службите на ИХФ и на ЕХФ и денеска, конечно, добивме повратна информација од компететни лица од ЕХФ. 

Петер Шихелшмит, сениор-менаџерот на репрезентативните натпреварувања на ЕХФ за g-sport.mk изјави дека ЕХФ до крајот на ЕП 2020 кога ќе биде познат конечниот ранкинг и додека не бидат пополнети местата во квалификациите за ОИ што ќе се играат во април нема да има финална изјава за евро-квалификациите за СП Египет. 

Ова е затоа што моделот е заплеткан и комплициран и додека не биде дефинитивен ранкингот и не се знае кои екипи директно одат на СП и кои ќе играат квалификации за ОИ не е можно да се каже колку екипи ќе учествуваат во квалификациските фази што ќе следат, а уште помалку кој би бил во прв, а кој во втор шешир. Квалификациите станаа комплицирани затоа што се сменија моделите на ЕП и СП. Сега ЕП се игра со 24, а СП ќе се игра со 32 репрезентации. Меѓу нив се и квалификации за ОИ и Олимписки Игри. 

Што се однесува до нас, сметаме дека моделот што се обидовме да го објасниме, иако знаеме дека е тежок за разбирање е тој што ќе биде финално презентиран. Со други зборови, доколку не играме квалификации за ОИ мошне веројатно ќе не чекаат два бараж натпревари. А за место во првиот шешир за СП Египет, во вториот бараж, би требало да ја минеме прелиминарната рунда на ЕП 2020. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk