БИТОЛЧАНИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ: СЕХА ќе се игра во Битола

Битола утре ќе има поконкренти информации за тоа дали ќе гледа СЕХА Гаспром во својот град или ќе мора привремено да бара нов дом додека нивниот не ги исполни сите критериуми што се поставени уште одамна. 
Серија на забелешки имаше за битолската сала „Младост“, сега со ново име „Боро Чурлевски“. Осветлување, соблекувални, паркинг, втор семафор, фасада...
Општината и компанијата Еурофарм, двајцата акционери од новиот проект ги поделија обврски и се фатија за работа... кој-како. 


Паркингот и околината се средени

Битола се трка со времето за навреме да стигне да ги исполни сите обврски. Прашањето на кое се чека одговорот е дали тоа што досега е направено и динамиката со која се вршат работите ќе биде доволно да ја одоброволи СЕХА да ја почнат сезоната во Битола и патем во некој разумен рок да ги исполнат обврските. 



Нашите неофицијални информации велат дека така ќе биде. Основните работи, осветлувањето и соблекувалните/тоалетите се средени. Другите неопходни детали ќе бидат завршени.Се работи средување на паркингот и тоа ќе биде завршено. Но, се уште нема втор семафор, ќе доцнат новите голови, а фасадата што треба да е брендирана на крајот на неделата ќе почне да се средува. 
До понеделник, се би требало да биде завршено. 


Салата има ново осветлување
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk