Работник по пехарот во Добој

Единствениот турнир на Балканот што има подолга традиција од струшкиот турнир е турнирот во Добој. Денеска почнува 51. издание на овој турнир на кој годинава ќе учествува македонска екипа. 
 
Вице-првакот Работник е учесник на турнирот на кој годинава ќе има осум екипи. Македонскиот клуб е во групата со новиот сехалигаш Пекинг, потоа домашната Слога и швајцарскиот Луцерн. 

Битолчани денеска ќе го играат првиот меч, од 21:00 часот, а противници им се Луцерн. 

Во другата група се екипите на Војводина, Извиѓач, Татран Прешов и Шарт. Многу посилна група, што отвора шанси за битолчани да го повторат успехот на Вардар и да го осовојат турнирот. 

Победниците од групите се среќаваат во финалето на турнирот закажано на 24 август. 

фото: rkvardar.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk