Полска одбра селектор од Норвешка

Женската репрезентација на Полска доби селектор од Норвешка. Тренерот на годината (2019 и 2012) во Норвешка, Арне Сенстад е новиот селектор на Полска. 

Тој доаѓа на местото на Лашек Кровицки кој три години ја водеше Полска, но последната година резултатите не беа какви што посакуваа и спогодбено беше раскинат договорот. 

Полска селектор бираше преку конкурс. Се пријавија 19 кандидати. Попознато има е Божeна Коркут поранешна ракометарка на Хипо. 
Норвежанецот ја однесе победата и ќе биде селектор до 2024 доколку работите не отидат во несакан правец. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk