КАДЕТСКО СП: Нов шампион е Египет

Египет - Германија 32-29 (19-13)

Египет ја замени Франција на тронот во јуниорската конкуренција. Во големото финале на Светското првенство во Македонија, Египет ја совлада Германија и стана првата неевропска репрезентација што триумфирала во кадетска конкуренција. 

Во големото финале одиграно денеска во „Борис Трајковски“, Египет без поголема резултатска драма ја совлада Германија. 
Резултатската разлика беше направена уште рано во првото полувреме. Египет поведе со 6-3, 8-4 и наспроти очекувањата дека Германија ќе уфрли во поголема брзина и ќе се врати во игра, тоа не се случи. 

Египет ја одржуваше разликата и вешто искористи тоа што германскиот голман имаше слаб ден. На полувреме резултатот беше високи 19-13.

Германија почна со нов голма и седум на шест игра во второто полувреме. Веднаш се виде разлика кога нивниот голман почна да ги стопира ударите. По пет минути беше три гола разлика, а селекторот на Египет бараше минута одмор. 

Но, тука заглавија и Германците. Нивниот напад не материјализираше. На шест минути до крајот и натаму Египет имаше плус четири гола (29-25). Потоа стигна и казна за играње без голман и во последните пет минути Египет бранеше пет гола. Тоа беше премногу за Германците и на крајот Египет стана првиот неевропски шампион.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk