ТУРНИР СТРУГА: Бутел подобар од Пролетер

Бутел Скопје - Пролетер 34-29 (22-16)

Екипата на Бутел Скопје го додаде своето име на списокот на екипи што запишале победа во рамките на струшкиот турнир. Денеска,скопскиот тим го совлада српскиот Пролетер, клуб што е најавен како нов проект воден од селекторот Љубимир Обрадовиќ (жени) и Момир Рниќ, повратник од Бундес лигата како играч носител. 

Бутел Скопје немаше проблеми, уште во првиот дел стигна до комотна предност од шест гола, што во вториот дел без поголеми тешкотии ја задржа. 

Конечниот резултат е 34-29, Бутел го освои петтото место. Вечерва од 21 часот Работник и АЕК Атина ќе играат во големото финале на турнирот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk