Металург не можеше со Мешков Брест

MЕШКОВ БРЕСТ - МЕТАЛУРГ  38-26 (18-10)

Металург запиша пораз и на вториот натпревар на турнирот во Москва, поточно во Чехов. По вчерашниот пораз од Ч, Меведи денеска подобри беа ракометарите на Мешков Брест. Очекувано, ова се сепак, екипи од Лигата на шампионите, со што што Белорусите се кадарни да вркаат фајнал фор. 

Не можеме да дадеме пконкретен коментар за играта на Металург, затоа што во првиот дел на теренот практично не постоеја одбрани. Металург не изгледаше лошо на терен, иако е хендикепиран и игра без четири играчи. Ниту Мешков доминираше иако имаше повеќе од водството. Но тоа беше само плус три по дваесет минути. Металург полувремето, а и средбата ги загуби на иритирачкиот начин, со ситни грешки како испуштена топка, чекори, па шут во голман или во пречка од чиста позиција... на спротивната страна далеку поискусната прва постава предводна Вилијам Акамбре, Селвасјук и другите не правеа такви грешки, а имаа и среќа во некои наврати па одбиените топки им се враќаа во раце. 
Малку по малку, предноста на Белорусите растеше за по 30 минути да имааг големи осум гола предност (18-10). 

Нешто слично беше и во вториот дел со тоа што Мешков Брест имаше малку пофокусирана одбрана, па по 10 минути игра стигна до водство од 24-12. Потоа се водпостави баланс, на терен видивме повеќе играчи, поширока ротација и средбата финално заврши со 36-28. 

Никита Ваилупов со 11 гола беше најефикасен во редовите на Мешков Брест, Стефан Додиќ постигна шест гола за Металург.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk