Македонија беше блиску до 1/4 финале, но не успеа

МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА 25-29 (13-16) Кликни за Статистика

Македонските кадети имаа голема шанса да стигнат до 1/4 финалето на СП и овој мундијал да го претворат во голем успех. Не успеаја, Португалија одолеа на притисокот и успеа да го сврте натпреварот во своја корист. 

За прв пат на мундијлот први постигнавме гол. И тоа по пресечен напад на португалскиот тим. Костески пресече и асистираше до Божиновски кој го почна мечот на лево крило пред Кондев. 
Но брзо вратија на почетна позиција Португалците и поведоа дсо 2-1. 
Промашивме два шута за водство при 2-2, од кои едниот беше контра напад, пред Џигероски да ни донесе водство. Кизиќ почна одлично и ни даде шанса за плус два, но Магалаеш одбрани. Потоа и Карапалески направи пробивање и Португалија израмни на 3-3. 
Македонија водеше и во следниот период, Португалија успеваше да израмни. Андре Соуса, централниот бек ни предизвикуваше многу проблеми со одличните додавања до пивот. Голманот Петковски го наруши неговиот ритам кога му одбрани пенал, а потоа Македонија стигна и до 7-5. 

Пропуштивме шанса за плус три, потоа и двапати за плус два и конечно и со играч повеќе не погодивме, па Португалија во 20 минута израмни (8-8).

Португалија по втор пат во водство се врати во 25 минута (10-9), но веднаш израмнивме и изнудивме исклучување на нивниот централен дефанзивец, Тијаго Соуса. 
Португалија во финиот на полувремето искористи неколку грешки на нашиот тим и на одмор замина би рекле со незаслужено висока разлика од три гола (15-12). 

Македонија притисна во вториот дел, успеа да намали на минус еден, се разбуди Кизиќ се разбуди и публиката, но Португалците го искористија својот момент останаа на плус два-три гола.

Македонија израмни (18-18) во 44 минута и Карлос Мартинго веднаш побарај тајм аут. Михајло Младеновиќ го играше својот најдобар меч и израмни на 19-19, но веднаш потоа неспретно реагираше во одбрана и заработи исклучување. 
Португалија во составот го врати Мартим Кошта, нивниот најдобар играч кој паузираше на неколку меча и тој донесе водство од 20-19, а потоа изнуди и пенал што беше претворен во водство од 21-19. 

Израмнувањето стигна на осум минути до крајот (23-23), а потоа имавме и напад за водство.Серафимов погоди за 24-23, но израмнија и Португалците.Потоа следеа лоши шутеви на Серафимов и Младеновиќ и Португалија поведен со 26-24 во 56 минута. 
Лошо беше и во следните напади, а Кошта успешно си играше еден на еден и кога во 58 минута поведоа со три гола разлика, веќе немаше назад. 

Серафимов со девет, Младеновиќ со шест, Симоноски и Костески со по три гола беа најефикасните во нашиот тим.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk