Струга тргна победнички, падна Пролетер

                                                           

Долго време стружани беа само добри домаќини на летниот турнир на отворено. Времињата полека се менуваат, а денешното отворање на турнирот покажа дека Струга може да игра и поважна улога во 47 издание на турнирот. 

Струга на отворањето со 25-20 го совлада српскиот тим Пролетер предводен од селекторот Љубомир Обрадовиќ и првата ѕвезда Момир Рниќ. Убав резултат за привлекување повеќе гледачи на трибините .

Талески со седум гола и Кузмановски со шест беа најефикасни во редовите на струшкиот тим. 

Илија Темелковски со победа дебитираше на клупата на Струга

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk