Српскиот пивот се реши за пензија

Српскиот пивот Растко Стојковиќ реши да ја прекине ракометната кариера и на 38 години да се повлече од активно играње. 
Растко Стојковиќ последната сезона во кариерата ја играше во Израел, имаше уште една година од договорот, но откако не успеаја да освојат титула, спогодбено го раскинаа договорот. Реши да не бара нов клуб туку да се пензионира. 

Растко Стојковиќ е добро познат и на македонската ракометна публика од бројните дуели што ги имал со Металург и со Вардар посебно од времето кога настапуваше за Келце и Мешков Брест. Своевремено Металург беше вистински загреан да го доведе во своите редови, но од тој трансфер не излезе ништо. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk