Германија и Египет први до 1/4 финале

Германија е првиот тим то од „Борис Трајковски Арена“ патува кон 1/4 финалето, а од „Јане Сандански“ друштво ќе им прави тимот на Египет. 

Германија денеска ја совлада Аргентина (33-25), додека Египет ги скрати 1/4 финалните соништа на Словенија (30-23). 

Германците во првиот дел имаа проблеми со Аргентина. Но, како што вели нивниот селектор Ерик Вудке, немаат проблем со неевропски екипи, само им треба малку време да се адаптираат на играта на противникот. 
На полувреме Германија имаше само гол предност (16-15), но во вториот дел по 45 минута, од 18-16, Германија стигна го 23-19 и тука беше скршен отпорот на Аргентина. 



За разлика од нив, Египет уште во првиот дел со Словенија ги реши сите дилеми. Водеа 16-8 по 30 минути игра и нивниот пласман во 1/4 финалето не беше доведен во прашање. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk