Мишевски во трета француска лига!

Минатата сезона, на ЕХФ Шампионатот У20 во Скопје, на сцената за момент блесна Марко Мишевски. Лев бек од редовите на помалиот Вардар, но физички импозантен со 200 см и 95 кг. 

Македонија го освои тој шампионат, а за Мишевски се заинтересира селекторот Брестовац, тогаш тренер и на Металург. Но, Вардар нит го продаде ниту го позајми Мишевски на Металург. Гарсија Парондо реши да го пресели во првиот тим, а од Вардар очекувавме да поработи на формирање на македонски репрезентативец. 

Една сезона потоа, Парондо си замина, Мишевски не доби никаква позначајна улога и на крајот од сезонта и тој си заминаа од Вардар. Заминува во Франција, отиде во екипа што годинава ќе игра во Трета Лига - Гренобл. 
Гренобл денеска му посака добредојде на Мишевски, изјавија дека се среќни што во своите редови носат голем потенцијал... 
Се надеваме дека Мишевски ќе напредува во францускиот клуб и дека наскоро ќе се врати во елитните натпреварувања. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk