Македонија - Португалија ќе ја има и на ТВ

Македонија вечерва од 20:45 во салата „Борис Трајковски“ че го одигра првиот натпревар на се или ништо, а противник ни е селекцијата на Португалија. 
Гостинот е голем фаворит на овој дуел, а на нашата селекција за подвиг и е потребна секоја поддршка. Посебно е драгоцена таа што доаѓа од трибините каде што вечерва очекуваме да видиме многу повеќе гледачи. 

Ракометната федерација на Македонија денеска упати јавна покана до сите навивачи да дојдат да ја бодрат Македонија:

Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија.
Влезот е слободен, натпреварот со директен пренос ќе биде пренесуван на ТВ Телма.


Овој дуел ќе биде и првиот што директно ќе биде пренесуван на ТВ. Телма ќе го покрива натпреварот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk