Следниот СЕХА Ф4 во Москва?

Спартак Москва вчера официјално се приклучи кон СЕХА Гаспром лигата и го зазема местото што беше предвидено за унгарската екипа Татабања. 
Русите извразија воодушевување што ќе бидат дел од овој шампионат, управата на СЕХА Гаспром презадоволна, а на пред конференцијата следеше и логичното прашање:

- Дали следниот Фајнал Фор ќе се одржи во Москва?

„Фајнал Фор во Москва би бил одличен момент. Но, да не брзаме, туку да одиме чекор по чекор. Би било одлично, но во овој момент не би можел да кажам каде ќе се организира следниот Ф4“, изјави директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ.

СЕХА е постојано во обид завршниот турнир да го одржува на разни локации. Засега како најдоброорганизиран е турнирот што пред две сезони се одржа во Скопје, но одлично беше и минатата сезона во Брест. Годинава има неколку нови дестинации. Покрај Москва, тука е и Запорожје, потоа Веспрем, се враќа Шабац, а за прв пат СЕХА ќе се игра и во Битола. Нормално, доколку ја реновираат навреме салата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk