ГЛИГОР ГАЈИЌ: Мораме да се свестиме, вака не оди

Глигор Гајиќ на мундијалот влезе како замена, откако се тркаше со времето за заздравување од повредата. Иако на двата натпревари на кои настапи Македонија беше поразена, имаме впечаток дека е освежување, посебно во бавниот и закочен напад на македонскиот тим. 

Против Јапонија, како и сите други (со)играчи беше немоќен да направи што било.

„Не научија како се игра. И пристап и технички и брзина. Ние го одигравме најслабиот натпревар. Требаше да биде ова натпревар без притисок со оглед на тоа дека резултатот не беше клучен, но се претвори во нешто друго. 
Мораме да се освестиме. Вака не може, не оди. Не само за утре, не само за овој шампионат. Вака нема да стигнеме далеку ниту како играчи во клубовите, ниту во репрезентацијата и за следните Европски и светски натпреварувања“, изјави Гајиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk