Брестовац: Пребрзи се, не можевме да ги стигнеме

Португалија можеби е подобра шанса за македонскиот тим, отколку Јапонија. На турнирот видовме дека против неевропски репрезентации, тешко играме. Против Јапонија... Пребрзи беа и преспретни и техники. На пола голови што ги постигнаа Јапонците, македонски играч нема ни во кадар. Тоа е реалноста, нашата шанса сега ја гледаме во Португалија. Тие имаат подобар тим, но и тим против кој може да се игра. 

„Не можевме ни технички ни тркачки да им парираме. Овој ракомет што го играат неевропските репрезентации, нас воопшто не ни одговара. Кај нас воопшто и не се работи и на тие сегменти. Ние играме европски ракомет, шаблонизирано. Ова е друг ракомет, овде доминира брзина, игра еден на еден, два на два, тоа кај нас го нема. 
Ние влеговме со цел да победиме со поголема разлика од четири гола. Но, преку анализите што го правевме, знаев дека ќе загубиме. Едноставно, против ваков тим во овој момент не можеме да се носиме. Не можеме да поставиме против игра, немаме такви играчи. Не дека не се селектирани, во Македонија немаме играчи што можат да се спротивстават на брзината и техниката на Јапонците. 
Сега ми се отвора дилема, што треба да правиме во младите категории. 
Разочаран сум, играме лош турнир. Никој не повлекува. Ние губевме 5-0, а не ни шутнавме на гол. Кога ќе ги прашам зошто - молчат. Зошто не играат како што се договоривме, повторно исто.“, Брестовац. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk