Јапонски час по ракомет за македонските кадети

МАКЕДОНИЈА - ЈАПОНИЈА 22-31 (11-15) Кликни за статистика 

Македонија во 1/8 финалето на Светското јуниорско првенство ќе игра против Португалија. Вечерва македонските кадети го претрпеа најтешкиот пораз. И резултатски и посебно на начинот на кој беа надиграни од Јапонците. 

Македонија по непишано правило не ги искористи првите напади, а овој пат бевме експресно казнети, уште вистински не го ни видовме голот, а Јапонија веќе водеше со 5-0. 
Данило Брестовац имаше точно седум минути да се увери дека во неговиот тим ништо не штима, па мораше да бара тајм аут и добро да згрми по немотивираните репрезентативци.




По тајм аутот, имавме нова загубена топка и контра напад и Јапонија водеше со 6-0. Недостигаше само да им успее тројниот цепелин за срамот да биде комплетен. Среќа не им успеа, па од контра напад што беше изевден блиску до границата да стане техничка грешка, постигнавме почесен погодок. 

Костески погоди и за 2-7 и изнуди исклучување, од кое очекувавме да направи некаков баланс на теренот. Погрешија Јапонците, а играа без голман и Костески погоди празна мрежа за 3-7. Имавме и напад за некаков исчекор во посакуваното враќање во игра, но тој заврши со контра напад на Јапонија за водство од 8-3. 

Од периодот во кој Јапонија водеше 8-3 до последната делница од полувремето во која водеше со 13-9, не се смени ништо посебно во односот на силите и рамнотежата на теренот. Јапонија не одигра којзнае што, но не ни мораше. Нашите репрезенативци се погрижија да има доволно топки за контра напади. По 30 минути , Јапонија однесе во соблекувалната четири гола предност. 



Данило Брестовац имаше многу што да им каже на своите пулени во соблекувалната, додека селекторот на Јапонија не ни отиде во соблекувална на полувремето. 

Ништо на добро не се промени ниту во вториот дел. Брзите Јапонци стигнуваа секаде во одбрана, со голем кредит на нашата бавна организација, а во нападот беа и поинвентивни и поспретни. 
Единствено Костески функционираше и со шестиот гол намали на 13-19. 

Пар одбрани на Петковски можеа да ја вратат Македонија во игра, но нападот беше исклучително лош и брзо беше се прокоцкано. Јапонија поведе и со 23-16 и бевме поблиску до двоцифрен пораз отколку до резултатски приклучок. 

Јапонците ја заокружија до десетка македонската срамот на минута и пол до крајот (30-20). Кога, конечно, сирената означи крај на маките, на семафорот беше 22-31. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk