Спартак утре влегува во СЕХА

Рускиот вице-првак Спартак Москва за утре најави прес конференција на која ќе биде објавено дека овој тим се приклучува кон СЕХА Гаспром лигата. 
Гостин на прес конференцијата ќе биде директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ што е гаранција дека вестите од Москва ќе бидат позитивни за рускиот клуб. 

Спартак Москва би требало да ја замени Татабања во овој шампионат. Не можеме со 100% сигурност да кажеме дека ќе биде така, можеби ќе има некаков изменет формат, но засега стои варијантата дека Татабања нема да игра следната сезона во овој шампионат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk