Кил ја среди Барса

Екипата на Кил е победник на големото дерби што во подготовителниот период го одигра со Барса. Германците  на натпревар одигран во нивната сала пред повече од 8.000 гледачи славеа 32-29. Екберг со пет гола беше најефикасен, а интересно е што меѓу зебрите се појави и најголемата надеж на Исланд - Гисли Торгеир Кристијансон. Тој постигна два гола на овој меч. 

На првата средба на која беше во составот на Барса, Лука Циндриќ имаше запирка. Аитор Арињо со девет гола беше најефикасен, Мортенсен се уште не е вратен на терен. 

Кил и Барса се учесници на годинешниот Супер Глоуб на кој ќе настапи и Вардар и се потенцијални противници. Кил во полуфиналето, Барса во евентуалното финале. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk