Реванш на Белорусија, Македонија шеста



Женската кадетска репрезентација на Македонија, ЕХФ Шампионатот го заврши на позицијата број шест откако денеска беше совладана од репрезентацијата на Белорусија (36-40). 

Македонија беше подобра од истиов противник во групната фаза, но денеска, на последниот ден на кој недостигаа и концентрација и мотиви и сила кај двата противника, одиграа шутерски меч на кој беа постигнати 76 гола од кои 40 завршија во нашата мрежа. 
Ангела Јануловска е најголемата придобивка за македонскиот ракомет од овој турнир. Таа на овој меч постигна 13 гола. 

Токму победата над Белорусија во групната фаза беше натпреварот што „некако“ го спаси ЕХФ Шампионатот гледајќи од позитивен агол. Генерално, со шесто место на „Б“ првенство не може да се зборува за успешен настап. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk