Србија до Шри Ланка

Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка одбра селектори од Србија за своите ракометни репрезентации. Недељко Матиќ и Ненад Краљевски (минатата сезона беше тренер на Куманово) веќе десет дена се на островот и ги подготвуваат нивните репрезентации за настап на Јужно Азиските игри.

Шри Ланка нема ракометни клубови. Но, има по 26 ракометари во машка и во женска конкукренција. Тие се регрутирани од редовите на армијата и веќе еден и пол месец тренираат ракомет. 

Матиќ и Краљевски имаат четиримесечни договори. Целта е Шри Ланка да освои медал на Јужно Азиски Игри. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk