Вардар ја отвори сезоната со победа

ВАРДАР - БОРАЦ БАЊА ЛУКА  34-30 (18-12)
Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов

Увертирата на Вардар во новата сезона е победата над Борац Бања Лука на контролен натпревар одигран попладнево во Требње. 
Пистонеро на своето деби со европскиот првак имаше лесна задача. Новите играчи убаво се вклопија во првата приказна и го скршија мразот. 

Победникот беше познат веќе по 30 минути игра во кои Вардар имаше 18-12. Конечниот резултат е 34-30. Дибиров со девет гола го предводеше македонскиот тим, а добро се покажаа и новите играчи, посебно пикерите Горпишин и Пелко.


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk