ЖРК Металург домаќин во Полска во ЕХФ Куп

Новиот женски шампион на Македонија, екипата на Металург годинава европските настапи ќе ги игра во ЕХФ Куп. 
Противник на македонскиот клуб е полската екипа Заглебје Љубин, екипа која е фаворит во однос на македонскиот шампион. 

Преговорите околу тоа како ќе се одиграат овие два дуела траеја кратко и завршија со економски исплатливата, спортски непопуларната одлука двата натпревара да се играат на теренот на еден од противниците. Во случајов, двата меча ќе се играат во Полска. 

Датумот за одигрување на овие натпревари е 7 и 8 септември. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk