Tрефилов не е веќе селектор на Русија!

Легендарниот руски тренер, Евгениј Трефилов, не е веќе селектор на репрезентацијата на Русија! По 19 години минати на кормилото на рускиот тим и освоени четири златни медали од СП и едно олимписко злато се симнува од ракометната сцена и ќе биде заменет со шпанскиот тренер Мартин Амброс, во моментов тренер на најдобриот руски тим Ростов на Дон. 

Евгениј Трефилов имаше сериозни здравствени проблеми, беше на операција на срце и во тој момент стана јасно дека ќе мора да биде заменет. Сепак, Русите сочекаа да се стабилизира, да се врати на сцената пред да го одиграат својот потег. 

Женската ракометна сццена веќе нема да биде иста. Трефилов познат по својот темперамент беше заштитен знак на сите големи натпреварувања. Но, едноставно, дојде времето... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk